Можеме ли да живееме на Месечината?

Кратко време откако стана прв човек на Европската вселенска агенција Џонатан Дитрих Вернер излезе со идејата за изградба на „село“ на далечната страна на Месечината. Тој не зборува за село со куќи, патишта и трговски центри, туку за населба која би била постојана мисија на Месечината со комплетни комуникациски сателити, роботи и астронаути.

Овој човек не е единствен со оваа идеја.

Неодамна Русија ја обнови својата програма за Месечината која беше замрзната во 90-тите години на 20 век. НАСА и Кина, исто така, размислуваат за бази на Месечината.

Сето ова наликува малку на 60-тите и 70-тите годинивели Дејвид Ајрон од непрофитната организација Лунарна мисија која финансира приватно слетување на Месечината

Најпривлечното место за слетување и населување е Јужниот Пол на Месечината. Овој дел од Месечината стана популарен, затоа што планините кои се наоѓаат овде ги покрива сонце 75% до 80%  од времето што е многу клучно за генерирањето на соларната енергија. Од друга страна, овде има големи долини и кратери кои се во постојана сенка која би можела да крие замрзната вода.

Ова е идеално место за да направиме населба на Mесечинатавели Симеон Барбер од Универзитетот „Опен“ во Британија

Сепак не е прецизирано кога можат да почнат мисиите за населување на Месечината, но се очекува дека тоа ќе биде по истражувањето на руската Луна – 27 во 2020 година. Населбата на Месечината

ќе има многу голем бенефит, затоа што ќе им даде големо искуство на научниците за како да се прошири човечката цивилизација низ соларниот систем. Ако научиме како да живееме на Месечината ќе научиме како да го правиме тоа и на други планети.

Последен пат изменето на Среда, 27 Јануари 2016 12:29
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…