Ова истражување покажува уште дека големината на социјалниот круг е подеднакво важна како во детството така и во повозрасните години. Откриено е дека социјалната изолација во адолесценцијата еднакво му штети на здравјето како и физичката неактивност, додека во староста има повеќе штетно влијание дури и од дијабетесот. Понатаму, истражувањето покажало дека не само што е важна големината на социјалниот круг, важно е односите да бидат квалитетни и друштвото во кое се движиме да ни дава поддршка и да нѐ почитува.
Професорката Кетлин Мулан Харис, која го раководела истражувањето, вели дека до овие заклучоци дошле откако ги анализирале податоците од четири национални анкети спроведени помеѓу граѓаните на САД. Притоа оцениле три димензии на социјални врски: социјална интеграција, општествена поддршка и социјален притисок. Потоа проучувале на кој начин социјалните врски на индивидуалецот се поврзани со одредени здравствени индикатори, како крвен притисок, индекс на телесна тежина и сл.
Извор: www.pnas.org.