По серија студии што беа направени кај глувци и кај луѓе, истражувачите заклучија дека генот именуван како ген Ц4 или како ген-ризик од шизофренија е поврзан со елиминирањето на врските помеѓу невроните, процес кој природно се случува во текот на тинејџерските години.
Веројатно е дека претераното отстранување на овие врски помеѓу невроните може да доведе до развој на шизофренија, велат истражувачите. Ова објаснува зошто првите симптоми на шизофренија најчесто се појавуваат во тинејџерските години.
Користејќи постхумни испитувања на човечкиот мозок, истражувачите открија дека количината на генот Ц4 може да биде предвесник на тоа колку овој ген, всушност, има влијание врз човечкиот мозок.
Следеше истражување кое извади податоци од датабаза на генетски испитувања направени на 36.000 луѓе заболени од шизофренија, како и 28.800 здрави луѓе од вкупно 22 држави во светот.
Податоците докажаа дека колку е поголемо присуството на Ц4 генот, толку е поверојатно дека човекот ќе развие шизофренија.
Потребни се дополнителни истражувања за да се потврдат овие нови пронајдоци, но доколку теоријата е точна, тогаш оваа студија ќе биде прва во докажувањето на биолошките причинители на шизофренијата.
Истражувањето е објавено во списанието „Live Science” во јануари годинава.