Најново откритие на науката: Вештачко создавање на неврони

Нова техника нуди потенцијално реконектирање на невроните кај луѓето кои имаат нарушување на централниот нервен систем.

Тим на истражувачи од Универзитетот Мек Гил и Невролошкиот институт во Монтреал првпат направија нови функционални конекции помеѓу невроните во човечкото тело.

Без разлика на фактот што овие неврони растат 60 пати побрзо од природните неврони, тие по својата форма и морфологија се идентични со природните неврони.

Ова е навистина многу интересно откритие, бидејќи централниот нервен систем не се регенерира. Она што ние го откривме е дека е можно да се развијат нови видови на оперативни зафати и терапии за луѓето кои имаат заболување или оштетување на централниот нервен систем.вели Монсерат Лопез, постдокторанд на Универзитетот Мек Гил, кој ја истражува оваа нова техника

Невроните се големи отприлика колку 1/100 од едно влакно од коса, па така потребни се специјализирани и презцизни инструменти и внимателна манипулација со нив за да се постигне здраво поврзување на невроните кои пренесуваат електрични сигнали на истиот начин на кој тоа го прават природните неврони. Ова истражувачите го постигнаа со атомски микроскоп.

Иако тие докажаа дека е возможно вештачко поврзување на невроните, сепак, претстои многу работа.

Невроните кои ги направивме беа помали од 1 милиметар, но затоа што бевме ограничени со изборот на инструменти за време на испитувањето. Оваа техника потенцијално може да креира и подолги неврони, но потребни се и дополнителни студии за да се разбре како и дали овие микроконекции во централниот нервен систем се разликуваат од природните.вели Маргарет Магдесиан, научник од Невролошкиот институт во Монтреал

Видеото подолу e илустрација на тоа како се креира неврон:

 

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Понеделник, 01 Февруари 2016 13:30
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…