Дали победниците мамат?

Научници од Универзитетот во Негев и Универзитетот во Ерусалим докажаа дека луѓето кои победуваат во некој натпревар имаат предиспозиции да мамат или да се однесуваат нечесно во следни натпревари.

Веќе знаеме дека некои политичари или бизнисмени често користат нечесни или неетични методи за победа. Нашето истражување се фокусира на тоа да докаже кој е поверојатно да мами - победниците или губитниците?вели д-р Амос Шур, професор на Универзитетот во Негев

Научниците открија дека откако ќе заврши еден натпревар победниците се однесуваат помалку чесно од оние кои го изгубиле натпреварот. Мамењето не зависи од успехот што тие го постигнале, туку од ефектот на победа во таа одредена ситуација.

Групата која го спроведе истражувањето направи пет студии со студенти во Израел. Првите две студии демонстрираа дека победувањето на натпревар ги зголемува можностите победниците да ги измамат финансиски нивните противници во некоја следна активност неповрзана со натпреварот. Последните две студии демонстрираа дека овој ефект е видлив само кога победата значи подобар перформанс во однос на другите, но не и кога победата е случајна или „на среќа“.

Овие нови пронајдоци упатуваат на тоа дека успехот влијае врз чесноста. Кога успехот е мерлив преку социјална споредба, како што е случајот со натпревар од каков било тип, чесноста на победниците се намалува. Кога успехот не инволвира споредба со останатите натпреварувачи, односно се базира само на лична добивка или личен успех, тогаш чесноста на победниците останува иста, односно не се намалуваобјаснува Шур

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Четврток, 04 Февруари 2016 12:10
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…