Луѓето кои страдаат од анксиозност одат повеќе кон лево

Луѓето кои страдаат од анксиозност имаат зголемена активност во десната страна на мозокот, што придонесува за тоа нивниот од да биде ориентиран повеќе кон лево.

Ново истражување направено од д-р Марио Веик од Психолошката школа на Универзитетот во Кент за првпат ја поврза активноста на двете мозочни хемисфери со правецот во којшто луѓето се движат.
Во една студија што имаше за цел да утврди зошто индивидуалци имаат тенденција да го насочат својот од на различен начин, испитаниците биле со превез на очите и биле замолени да изодат една права линија кон претходно посочена цел.

Научниците најдоа докази дека оние испитаници кои имаат анксиозно нарушување својот од го насочувале кон лево, со што се покажува поголема активација на десната мозочна хемисфера.

Истражувањето покажува дека двете мозочни хемисфери се поврзани со различни мотивациони системи.

Ова е првпат научниците да воспостават јасна врска помеѓу инхибицијата и активацијата на десната мозочна хемисфера.

Овие откритија можат да бидат корисни во третирањето на состојбата при која луѓето се помалку свесни за една страна од просторот. Ова може да биде од голема корист во третманот за намалување на анксиозноста.

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Вторник, 09 Февруари 2016 14:16
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…