- Единствен ненаселен континент на Земјата – истражувачките бази не се земаат предвид.
- Просечната годишна температура во внатрешноста на копното изнесува -55°C.
- Антарктик е најсув континент, со најмалку дожд на Земјата.
- Тој е најветровитиот континент, а брзината на ветерот изнесува 327 километри на час.
- Околу 98 проценти од површината е покриена со лед со просечна дебелина од 2.000 метри.
- Западниот дел на континентот нема компактна копнена маса. Таа површина е збир на острови прекриени со лед.
- Антарктик е единственото природно живеалиште на пингвините, иако тие можат да се сретнат и на јужните брегови од Јужна Америка и Африка.
- Антарктик нема влада и не е во посед на ниту една земја. Многу држави во минатото го присвојувале за себе, но подоцна e потпишан договор кој вели дека никој не смее да има територијални претензии и не смее да го експлоатира богатството (нафта и скапоцени метали) заради зачувување на природниот баланс.
- Овој континент е голем предизвик и за голем број туристи кои се подготвени да платат и по 3.000 долари за кратка петчасовна прошетка.
- Замрзнатиот континент пред 11.500 години бил прекриен со зеленило, а неговите длабочини кријат гас, нафта и руда.
10 факти кои не сте ги знаеле за Антарктик
- - Фев 09, 2016
Одбележен под