Тој ги усовршил телескопот и астрономското набљудување и ги поддржал учењата на Никола Коперник. Ги потврдил фазите на Венера и ги открил четирите најголеми сателити на Јупитер, кои во негова чест се наречени Галилеови месечини. Галилео работел и во полето на применета наука и технологија, пронаоѓајќи и усовршувајќи го воениот компас и други инструменти.
Сета мудрост е напишана во таа голема книга која е отворена пред нашите очи – мислам на вселената, но не можеме да ја разбереме ако првин не го научиме јазикот за да ги разбереме симболите со кои е напишанаГалилео Галилеј