Како верувањето во семоќни богови влијае врз модерниот човек

Верувањата за семоќните богови кои ги казнуваат гревовите – карактеристика на голем број религии почнувајќи од христијанството па сѐ до хиндуизмот – играле голема улога во создавањето на модерните општества, вели студија објавена во списанието „Nature”.

Истражувањето водено од антрополози и психолози испита како религијата им влијае на луѓето во нивната желба за кооперација надвор од нивниот социјален круг.

Студијата вклучи интервјуа и експерименти со околу 60 луѓе од повеќе од 6 светски држави чии религиозни верувања биле будистички, хиндуистички и анимистички.

Одреден тип на религиски убедувања кои вклучуваат богови кои се свесни за човечките интерации казнуваат за морални грешки, влијаат во еволуцијата на човечката кооперативност. Доколку мислите дека сте набљудувани и очекувате да бидете казнети за каков било грев, вие избегнувате асоцијални или девијантни однесувања и ги избегнувате луѓето кои не ги споделуваат вашите убедувања.вели Бенџамин Пурцицки, постокторанд на Центарот за човечка еволуција, когнитивност и култура

Резултатите покажуваат дека луѓето кои веруваат во семоќни и сеприсутни богови кои казнуваат за лошо однесување се склони кон зближување со непознати, анонимни „ко-религиозни лица“ – такви кои ги споделуваат истите убедувања за боговите и нивните ритуали, кои незадолжително припаѓаат на истата религиска организација.

Кога луѓето се однесуваат вака тие, всушност, се однесуваат соодветно на клучните постулати на денешното модерно општество.

Ова значи дека религиозните убедувања се главните фактори во развојот и стабилноста на комплексните социјални организации како што се државитедодава Пурцицки

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Понеделник, 15 Февруари 2016 11:37
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…