(Видео) Погледнете што прават јаглените хидрати на вашето тело

Негативните информации поврзани со јаглените хидрати се присутни во медиумите долги години, а целиот феномен беше поврзан со т.н. Аткинсова диета која беше базирана на одредени научни трудови пред 15 години. Но целиот процес почна погрешно да се разбира, особено од оние кои сакаа да ослабат, па сите јаглени хидрати  ги сметаа за штетни за диетата и за здравјето на човекот.

Сепак, вистината за храната е малку посложена и поразлична. Јаглените хидрати се основа на нашата исхрана и ги има во речиси сите продукти што ги консумираме. Ги има во овошјето и во зеленчукот, во пијалаците, во слатките и во лебот. Тие се насекаде околу вас. Меѓутоа, сите јаглени хидрати не се исти, дел од нив се полесни, а дел се потешки за разградување во нашето тело. Видеото кое е подготвено од страна на ТЕД зборува за тоа што се јаглените хидрати и како тие влијаат на нашето тело.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…