Истражувањето кое започна пред 32 години, а заврши 5 години подоцна, вклучи 1.032 испитаници на возраст од 42 до 60 години кои на почетокот од истражувањето немале никакви кардиоваскуларни заболувања.
По 21-годишна опсервација на испитаниците, околу 25% од нив покажале заболување на миокардот, а 32% покажале други несериозни кардиолошки заболувања.
Ниту еден случај не покажал знаци на инфаркт поради зголеменото внесување на холестерол, дури ни оние испитаници кои имале генетски предиспозиции за покачување на серумскиот холестерол поради поголемо внесување на холестерол преку храната.
Најголем дел од испитаниците консумирале во просек по 520 mg холестерол преку храната и во просек по едно јајце секој ден, што значи дека резултатите од истражувањето не би можеле да се земат како валидни доколку се преминат овие граници на консумација на холестерол преку храната.
Извор: www.sciencedaily.com.