Првите анализи покажале дека овие ткива ќе можат успешно да се вградуваат и кај луѓе и дека тие воопшто не се разликуваат од природните ткива, ниту по големината и цврстината, ниту по својата функционалност.
Истражувањето е финансирано од американската војска, односно од Научниот институт „Armed Forces Institute of Regenerative Medicine“, а основната цел е да се открие најдобар медицински третман за воените повреди.
Следната фаза, како што најавува научниот тим, ќе биде всадување на печатени мускули и коски кај нивните пациенти.
Новиот ITOP (Integrated Tissue and Organ Printing System) користи комбинација на биолошки разградливи материјали врз база на пластика и гел со биолошки супстанци и ефикасно гради ткива без да ги оштети здравите клетки во организмот.
Овој тип на заменски ткива ќе го реши проблемот со недостатокот на органи за трансплантација.
Извор: www.wakehealth.edu.