Познатиот британски физичар Брајан Кокс го тестираше законот за гравитација и фактот дека сите тела, независно од нивната маса, паѓаат во исто време додека не се под влијание на воздушен отпор.
Сите тела на Земјата се забрзуваат еднакво, а кога се во вакуумски простор тогаш сите тела паѓаат во исто време.
Кокс го направи тестирањето при посетата на најголемата вакуумска комора во светот.