Стравот од пајаци ги прави пајаците поголеми во нашите очи

Нова студија објавена во списанието Biological Psychology која направи експеримент на пациенти кои имаат страв од пајаци, или арахнофобија, откри дека пациентите со мала фобија од пајаци како и оние со значително поголема фобија ги оцениле пајаците како многу непријатни за нив.

Сепак, само втората група испитаници – оние кои имале голема фобија од пајаци ја преценуваат големината на пајаците – односно ги гледаат како многу поголеми од нивната реална големина.

Истражувањето направено на Универзитетот Бен-Гурион во Негев вклучи прашалници преку кои испитаниците ги поделиле во две групи – оние кои се плашат од пајаци и оние кои не се плашат или се плашат во мала мера.

Ова нереално оценување на големината на пајаците зависи од нивото на непријатност во присуство на пајак и големината на стравот кој го има фобичната личност.

Она што студијата го открива е тоа како перцепцијата на една сосема основна карактеристика, како што е големината – во голема мера е предодредена од човечката емоција, во овој случај стравот. Ова нуди уште едно дополнување на теоријата дека секој од нас го перципира светот на различен и уникатен начинвели д-р Леибович, лидер на ова истражување.

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Вторник, 23 Февруари 2016 12:23
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…