НАСА ја објави мистериозната снимка од 1969 година

Во мај 1969 година, астронаутите на НАСА кружеа околу Месечината како дел од последната мисија (Аполо 10) пред Нил Армстронг и Баз Олдрин да зачекорат по нејзината површина неколку месеци подоцна (Аполо 11).

Кога астронаутите се наоѓале на далечната (или темната) страна од Месечината слушнале чудни необјаснети звуци што ги нарекле „музика од вселената“.

Едно објаснување од документарецот на „Discovery“ е дека наелектризираните честички може да предизвикале пречки во радиокомуникациите – нешто слично на пречките што НАСА ги имаше со вселенското летало Касини кое орбитира околу Сатурн. Но, за разлика од Сатурн, Месечината нема атмосфера или магнетно поле, па наелектризираните честички не би можеле да емитуваат нешто што може да се регистрира како радио сигнал.

Во моментов, најдоброто објаснување на научниците е дека со оглед на тоа што астронаутите ја слушале „музиката“ речиси еден час, додека ги одделиле и потоа повторно ги споиле командниот и лунарниот модул бидејќи се подготвувале за слетувањето на Месечината на 21 јули, најверојатно „музиката“ е резултат на мешањето на радијата на двата модули.

Како и за сѐ останато, постојат поделени мислења за ова објаснување, па токму затоа и спаѓа во категоријата на необјаснети досиеја на НАСА.

Извор: www.cnn.com.

 

Последен пат изменето на Вторник, 23 Февруари 2016 14:10
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…