(Видео) Вака звучат елементите од Периодичниот систем

Инженерот Асегун Хенри смислил начин за уникатно претставување на хемиските елементи. Тој направил музички „потпис“ на секој елемент од Периодичниот систем на елементи. Ова им дава можност на научниците да направат анализа на молекуларната структура, а на ентузијастите им дава можност да слушнат како звучи различната поставеност на молекулите и хемиските врски.

 

„Се надевам дека ова ќе биде интересна алатка преку која може да се учи Периодичниот систем, но исто така дека може на луѓето да им даде идеја како целиот универзум прави звук“,
вели Хенри.

Сите знаеме дека сѐ во универзумот е направено од атоми и дека овие атоми се во постојано движење. Зависно од брзината на движењето овие атоми вибрираат заедно со нивните врски меѓу молекулите и од ова имаме тврда, течна состојба, гас или плазма.

Овие вибрации или „бранови“ ги одредуваат специфичните својства на елементот, како што се густината, спроводливоста и слично, па колку повеќе ги разбираме атомите и нивната поставеност толку подобро ќе ги знаеме својствата на одреден елемент.

Колку и да звучи како мал забавен проект на овој начин, преку звукот на атомите и врските меѓу нив, научниците во ЦЕРН анализираа честички. Преку звукот научниците во ЦЕРН имаа можност да детектираат субатомски честички со помош на звук.

Последен пат изменето на Четврток, 25 Февруари 2016 14:48
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…