НАСА објави информации за големата експлозија на метеор над Атлантскиот Океан

Огромен метеор паднал во Аталантскиот Океан и ослободил големо количесто енергија, како вистинска атомска бомба.

Метеорит влетал во атмосферата околу 900 километри од брегот на Бразил, експлодирал во воздухот и како запалена топка паднал во океанот.

Наспроти силната експлозија, научниците велат дека овој удар сепак не бил опасен.

- Доколку метеорот паднал во населено подрачје, веројатно би ги искршил прозорците и би уплашил многу луѓе, но мислам дека не би причинил сериозна штетавели Фил Плејт, истражувач во НАСА кој го испитувал овој случај.

Слични удари се случиле и пред неколку години, како што е експлозијата над Челјабинск во февруари 2013 год., кога биле повредени 1.600 луѓе. Во текот на таа година многу мали удари поминале речиси незабележано.

НАСА ги следи потенцијално опасните објекти во вселената, но некогаш може и да ги пропушти. Таков бил случајот и со астероидот кој е детектиран во последен момент, кога веќе бил во близина на нашата планета

Последен пат изменето на Четврток, 25 Февруари 2016 12:36
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…