Зошто е важно игнорирањето?

Некои претходни научни студии имаат донесено заклучок дека игнорирањето на важните информации ги прави луѓето побавни. Сепак, истражувачи од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ открија дека кога на луѓето им е дадено доволно време да научат што е тоа што треба да се игнорира, а што не – тие стануваат побрзи и поефикасни.

Резултатите кои се објавени во списанието „Psychological Science” нудат нови откритија за човечкото процесирање на тешки информации.

Индивидуалците кои ги игнорираат информациите што за нив би биле дефокусирачки имаат подобрување во нивните визуелни вештини на „наоѓање на нештата“, вештина која е клучна за професионалните „пребарувачи“, како што се радиолозите и лицата кои работат на аеродромите во делот на скенирање на багажотвели лидерот на ова истражување, Корбин Канингем

Преку два експерименти, истражувачите ги замолија испитаниците да пребараат одредени букви на компјутерски екран, буквите беа прикажани со одредени бои и во група со други букви кои беа ирелевантни во експериментот. Испитаниците имаа задача да ги определат боите на буквите кои им се зададени на почетокот.

Кога на испитаниците им беше дадена боја која треба да се игнорира за време на експериментот, тие на почетокот беа побавни во пребарувањето на таргет-боите, но подоцна беа многу побрзи и поефикасни за разлика од испитаниците на кои не им беше посочена боја што треба да ја игнорираат.

Накратко, колку повеќе информации игнорираат, толку испитаниците се побрзи во нивното пребарување на целта на задачата.

Способноста за игнорирање е клучен елемент во способноста за насочување на вниманието, велат истражувачите.

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Понеделник, 29 Февруари 2016 14:32
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…