Во минатото, сите сме имале кафеави очи. Но генетската мутација која влијае врз OCA2 генот во нашите хромозоми, исто така, влијаела и врз некои промени кај одредени луѓе, со што кај тие луѓе буквално е исклучена можноста за продуцирање на кафеави очивели Ханс Еиберг, професор на Одделот за молекуларна медицина во Копенхаген
Ако овој ген е целосно уништен, тогаш луѓето би биле без меланин во нивната коса, очи или боја на кожа – што инаку е состојба позната како албинизамТој додава
Варијацијата во бојата на очите од кафеава во зелена може да се објасни преку количината на меланин во ирисот. Синооките луѓе имаат само мала количина на варијација во меланинот во нивните очи. Според ова, научниците заклучуваат дека сите синооки луѓе потекнуваат од истиот предок.
Синооките ја имаат наследено истата промена во нивната ДНК. Луѓето со кафеави очи, спротивно на ова имаат мошне индивидуална варијација во ДНК-та којашто го контролира производството на меланинвели професор Еиберг
Мутацијата од кафеави во сини очи не е ниту негативна ниту позитивна. Тоа е само еден вид на мутација, слично како бојата на косата, опаѓањето на косата и бемките по кожата што ниту го зголемува, ниту го намалува човечкиот век.
Ова едноставно покажува дека природата постојано ги менува човечките гени, креирајќи генетски коктел на човечки хромозоми со што испробува разни промени во човечкиот изгледКако што вели проф. Еиберг