Една студија на повеќе од 1.000 луѓе открила дека 97% од жените и 68% од мажите искусуваат стрв кон одреден тип на храна. Овој вид на потреба од храна се јавува доцна во денот и тоа во просек две до четири вакви епизоди во текот на седмицата.
Долго време се сметаше дека телото има вакви силни и неодоливи желби кон одредени типови на храна за да надополни недостаток на одредени нутритиенти. Се сметаше дека ако имате силна потреба од стек тогаш на вашето тело веројатно му се потребни железо или протеини, силната потреба од чоколадо е поради потребата од фенилетиламин, состојка која ја има во чоколадото.
Потребата од нутритиенти е точно поврзана со потребата од одредени видови на храна, но само во одреден ситуации, велат научниците. Како на пример, побарувањето за т.н. „пика“. Ова е однесување кога човечкиот организам, поради недостаток на одредени нутритиенти, има побарување од работи кои во суштина не се храна.
Недостатокот на витамини, исто така, може да доведе до побарување на одреден тип на храна, но генерално нема силни докази кои ги поврзуваат неодоливите желби за одреден тип на храна со недостаток на нешто во организмот. Така што ова правило не може да се примени во секоја ситуација и за секој вид на храна.