Луѓето кои го зголемиле внесувањето на вода за една, две или три чаши во текот на еден ден го намалиле внесувањето на калории од 68 до 205 дневно, а на сол од 78 до 235 грама. Ова го тврди трудот на Универзитетот во Илиниоис. Испитаниците, исто така, консумирале од 5 до 18 грама помалку шеќер и од 7 до 21 грам помалку холестерол.
„Влијанието на водата во диетата беше слично речиси кај сите луѓе, независно од нивната раса, етничка припадност, степен на образование, богатство, па дури и телесна тежина. Овие истражувања можат да значат и поттик за тоа дека се потребни кампањи за важноста на внесувањето на водата во секојдневната диета кај луѓето“, велат истражувачите.
Во истражувањето од учесниците било побарано да се присетат на тоа што јаделе и пиеле во текот на последниот ден или последните неколку дена. Количината на вода била пресметана за секоја личност од сите извори на вода вклучувајќи ги и кафето, чајот, сите пијалаци и храна.
Целосниот труд може да се најде на следниов линк.