Неандерталците во пештерите имале топла вода

Тешко дека можеме да говориме за било каква технологија која ја имале неандерталците кои буквално живееле во пештери. Концепцијата за тоа како живееле пештерските луѓе се менува со новите откритија од страна на археологијата. Цинт С. Белмунт за информаторот на Институтот за палеоекологија на човекот и еволуцијата на општеството, „IPHE News“ објави докази според кои неандерталците имале топла вода во пештерите.

Истражувачите од „IPHE“ во каталонското археолошко наоѓалиште „Арбик Романи“ проучувале пештера во која е пронајдено вистинско археолошко богатство – повеќе од 10.000 предмети кои даваат увид во тоа како изгледал животот на неандерталците во пештерите.

Најинтересно археолошко откритие била дупка која била сместена меѓу огништето и наслаги од камења кои го штителе огништето. Најизвесно е дека во таа дупка се чувала вода која на тој начин се одржувала топла пред 60.000 години.

Пронајдените остатоци укажуваат на тоа дека имале одвоени простории за различни намени – за спиење, место каде изработувале алат, место каде се колеле животни и простор наменет за оставање на отпадот. Се хранеле со елени, диви кози, па дури и коњи. По се изгледа дека неандерталците имале далеку подобар живот и манири отколку претходно што се мислело.

Извор - http://archaeology.org/news/3642-150827-hot-water-hole.

 

Последен пат изменето на Четврток, 15 Октомври 2015 14:08
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…