Само 250.000 сириски бегалци стигнаа во Европа, ова е помалку 2% од вкупниот број на раселени лица од Сирија, вели професорот Рослинг во својата анализа.
Во Сирија трагичниот конфликт се интензивира. ИСИС контролира неколку градови во оваа држава и ситуацијата за тамошното население станува се полоша. Подетално за статистиката на бегалската
криза погледнете од видеото на професорот Ханс Рослинг. Рослинг е еден од најеминентните истражувачи во областа на јавното здравје. Уште од далечната 1976 овој професор работи на значајни проекти во Азија и Африка. Во текот на својата кариера тој е дел од проекти на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, како и од организацијата Доктори без граници – организации кои и денес се вклучени во помош околу бегалската криза.