Тим на истражувачи од Универзитетот во Оксфорд и Алто универзитетот во Финска испитуваа 1.368 луѓе од пет држави во светот со цел да откријат колку на луѓето им е пријатно кога се допираат на некој одреден дел од телото во зависност од тоа кој ги допира.
Истражувачите користеа техника при која испитаниците требаше да ги обојат деловите од телото на кои би дозволиле да бидат допрени (од блиски партнери до непознати лица).
Резултатите тогаш беа споени со табу зоните од телото (делови кои не се дозволени за допирање) и деловите кои се прифатливи за допирање.
Генерално, резултатите од истражувањето се очекувани. Колку сте поблиски со некого, толку е поголем делот од телото кој е достапен за допирање.
Резултатите покажаа дека допирањето е важен аспект во одржувањето на социјалните врски. Научник од Универзитетот Алто, во една пригода изјави: „Мапата со дозволени места за допирање е тесно поврзана со задоволството. Колку е поголемо задоволството што го причинува допирањето на некое одредено место, толку ние сме поригорозни во дозволувањето на другите да го допрат тоа место“.
Ова истражување потенцира и културолошки разлики, но резултатите не варираат многу во поглед на културните влијанија.
Она што е издвоено како карактеристично е што, на пример, Британците се чувствуваат помалку пријатно кога ги допираат – во споредба со испитаниците од Финска, Франција, Италија и Русија.
Русите, пак, се многу поконзервативни во поглед на местата на допирање за разлика од испитаниците од другите земји.