Приказ на предметите според таг: studenti
Студентите во посета на Делегацијата на ЕУ во Скопје
Студентите од Правниот факултет во Штип и во Струмица во рамките на предметот Право на Европската Унија, со доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска остварија посета на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Студенти од ФТБЛ освоија прва награда на натпревар за идеи
Согласно со Програмата за локален економски развој за 2016 година, Општина Гази Баба објави Јавен повик за натпревар во бизнис иновативни идеи-судија на случај, за организација на манифестација, работилница, проект или настан кои опфаќаат различни теми поврзани со бизнис, култура, туризам, гастрономија, спорт, музика и слично, што би се одржал на територијата на Општината во текот на наредната година.
Термини за доделување дипломи
И оваа година пред завршувањето на годината УГД свечено ги доделува дипломите на дипломираните студенти. Годинава доделувањето ќе се одвива според следниов распоред:
Трибина на УГД за можностите на новиот Закон за заштита на укажувачите
Правниот факултет на УГД беше домаќин на правни експерти кои пред студентите ги претставија можностите на Законот за заштита на укажувачите. Настанот беше организиран од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација - ИСИЕ во рамките на проектот „Ќе има ли ’свиркачи’ на универзитетите? Можностите на Законот за заштита на укажувачите и спречувањето на корупцијата во високото образование во РМ“.
Повик за учество на Прва студентска конференција за историја и археологија
По иницијатива на студентите на Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, се објавува Повик за учество на Прва студентска конференција за историја и археологија.