Повик за учество на Прва студентска конференција за историја и археологија

По иницијатива на студентите на Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Институтот за историја при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, се објавува Повик за учество на Прва студентска конференција за историја и археологија.

Повикот е наменет за студентите на додипломски студии на Катедрата за историја и археологија на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, на Институтот за историја и Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и на Катедра за историја при Филозофскиот факултет на Државен универзитет во Тетово.

 Темите на кои студентите можат да истражуваат и да ги елаборираат своите ставови и размислувања треба да бидат од областа на историјата и археологијата.

Студентската конференција ќе биде одржана на 22 февруари 2017 година во просториите на Факултетот за образовни науки во Штип. Секој учесник ќе има на располагање 15 минути за да го презентира својот труд. Студентите кои би сакале да учествуваат треба да достават апстракт за својот труд, а рокот за доставување на апстракти е до 30 јануари 2017 година.

Апстрактите и трудовите се доставуваат на македонски јазик. Истите се доставуваат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. По завршувањето на рокот сите студенти кои доставиле апстракт ќе добијат повратна информација, без разлика дали истиот е прифатен или не.

Повикот за конференцијата и правилата за изработка на трудовите можат да се најдат на следниов линк.

Последен пат изменето на Понеделник, 12 Декември 2016 15:31
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…