Прашање на кое 50 проценти од студентите на Харвард дадоа погрешен одговор

Каков одговор би дале на ова прашање? Безбол палка и топче заедно чинат 1,10 долари. Палката чини долар повеќе од топчето. Колку чини топчето?

Пред да го дадете вашиот одговор прочитајте го објаснувањето на бихевиористот Даниел Канеман, зошто дури 50 проценти од студентите на најпрестижните универзитети во Америка дале погрешен одговор на ова, навидум, едноставното прашање.

„Во вашиот ум се фиксира еден број. Тоа е бројот 10. Најчестиот одговор е 10 центи, но тоа е погрешен одговор, бидејќи доколку топчето е 10 центи, а безбол палката е за долар поскапа, заедно би чинеле 1,20 долари. Точниот одговор е – топчето чини 5 центи“ - објаснува Канеман.

Значи, топчето чини 5 центи, палката чини долар повеќе или 1,05 долари, a заедно чинат 1,10 долари.

Извор: http://businessinsider.com.

Последен пат изменето на Понеделник, 19 Октомври 2015 14:58
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…