Многу ми е драго што ве гледам во олку голем број и се надевам дека ќе имаме плодна дискусија. Идејата со колегата Кирил ни е барем еднаш до двапати во месецот љубителите на философијата и филмот да се собираме и да гледаме филм, а потоа да дискутираме за негорече на отворањето доц. д-р Трајче Стојанов, професор по Философија на Универзитетот „Гоце Делчев“
На проекцијата на филмот присуствуваа голем број студенти од Филмската академија, но и од Факултетот за образовни науки и по проектирањето се разви меѓусебна дискусија за посебното доживување на филмот. Организатори на овој настан беа доц. д-р Трајче Стојанов и стручњакот од пракса Кирил Трајчев од Филмската академија, заедно со Домот на младите во Штип. Тие најавија дека наскоро ќе има и нов филм за дебата заедно со студентите. Настанот е отворен и за останатите љубители на добриот и квалитетен филм.