Семинари за одделенските наставници на ФОН во соработка со Биро за развој на образование

Професори од Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во соработка со Бирото за развој на образованието веќе втора година по ред реализираат еднодневни семинари за наставниците од основните училишта во Република Македонија.

Семинарите се реализираат во периодот од 16 до 30 мај 2016 година во просториите на Факултетот за образовни науки и во нив се вклучени наставниците од основните училишта во Република Македонија коишто во учебната 2016/2017 година ќе предаваат Математика во IV и V одделение.

Целта на семинарите е поуспешна реализација на одделни теми од наставните програми по предметот Математика за IV и V одделение, преземени од Меѓународниот центар за наставни програми (Cambridge International Examination), адаптирани од страна на Бирото за развој на образованието.

Последен пат изменето на Четврток, 26 Мај 2016 14:29
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…