Во меѓувреме, студентката Симона беше гостинка во Универзитетската телевизија и радио и разговаравме за тоа какво е искуството таму и што може да се научи од едно Еразмус искуство кое веќе долги години го нуди Универзитетот „Гоце Делчев“ за своите студенти.
Повеќе за нејзиното искуство погледнете во видео разговорот.
Програмата Еразмус плус продолжува со регрутирање на нови студенти. За десетина дена ќе биде објавен новиот конкурс на којшто ќе можат да аплицираат сите заинтересирани студенти и вработени од УГД.