Договорот предвидува продлабочување на веќе воспоставената меѓууниверзитетска соработка, во сферата на правото, политичките науки и новинарството и односите со јавноста. Оттука, дополнително ќе се подготвуваат заеднички активности кои би се однесувале на истражувања, симулирани судења, дебати и трибини, заеднички предавања, како и други настани и активности во доменот и фокусот на интерес на наставничкиот и соработничкиот кадар, но и активности во кои примарно би биле вклучени студенти од двата факултети.
Воспоставена соработка меѓу правните факултети на УГД и Универзитетот во Ниш
- - Сеп 15, 2016
Со цел да се продлабочи соработката помеѓу двата правни факултети, при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот во Ниш, Р. Србија, неодамна беше потпишан Договор за соработка. Договорот го потпишаа двајцата декани, од Правниот факултет во Ниш, проф. д-р Саша Кнежевиќ и проф. д-р Јован Ананиев, декан на Правниот факултет при УГД.