- Се надевам дека ќе воспоставиме соработка меѓу двата факултетa и дека ќе имаме можност за потпишување на договор и реализација на заеднички проекти и истражувања вели проф. д-р Стефановиќ.
Продеканот на Економскиот факултет, доц. д-р Љупчо Давчев, по чија иницијатива доаѓа професорката од Ниш, истакна дека ваквите предавања се од исклучително значење за збогатување на знаењата на студентите.
Разговорот со професорката од Ниш и продеканот Давчев погледнете го во видеото подолу.