Земјоделскиот факултет ги едуцираше земјоделците во Преспа

На 29 и 30 ноември, во Ресен, во соработка со Федерацијата на фармерите на Република Македонија, Земјоделскиот факултет спроведе работилници на тема „Економски алтернативи за земјоделците во Преспа“.

Целта е да се претстават други можности за остварување приходи кај земјоделските семејства, со намера за создавање дополнителни извори на приходи и избегнување на опасноста од губење на секаков извор на приходи до кои може да дојде при монокултурно производство (какво што е производството на јаболка), особено ако временските услови придонесуваат за такви појави.

Во рамките на двата дена беа претставени повеќе теми, меѓу кои „Правилна берба и култивирање на лековити растенија“, „Технологија за сушење на лековити растенија“ и „Автохтони сорти јаболка и начини на производство на јаболков оцет“.

Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…