УГД ќе ги поддржува и финансира асистентите-докторанди

На последната Ректорска управа, Универзитетот „Гоце Делчев“ донесе серија одлуки кои се однесуваат на различни аспекти од работењето на Универзитетот. Една од одлуките е поддршка и финансирање на докторските студии и поддршка на асистентите-докторанди кои се дел од Универзитетот.

Исто така, се донесе одлука Универзитетот да влезе во редовно членство во Асоцијацијата на европски универзитети, со што УГД го отвора патот за проширување на меѓународната соработка со огромен број универзитети.

На истата седница е усвоена и Програмата за развој на УГД, која ги опфаќа следниве аспекти:

  • Се става акцент на опремата за работа на академскиот кадар;
  • Уредување на паркинг за студенти на Кампус 2;
  • Уредување на  дворно  место  пред  новите  простори на техничките факултети; 
  • Реконструкција на амфитеатри на Кампус 2 (мал и голем, во главната зграда);
  • Реконструкција и опрема на предавална за методика на предучилишно воспитување и одделенска настава;
  • Опрема на лаборатории на техничките факултети;
  • Подобрување на условите за работа и студирање на кампусот за хуманистички науки.

Се донесоа и одлуки за ангажирање на доц. д-р Хусејин Озбај како визитинг професор на Филолошки факултет, за ангажирање на проф. д-р Јовица Васин како визитинг професор на Земјоделски факултет и за ангажирање на проф. д-р Mагдалена Пунчева како визитинг професор на Факултет за информатика.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 04 Декември 2017 14:38
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…