Според некои тврдења секому му се потребни точно десет илјади часа практични вежби за да се постигне висока стручност во нешто, без разлика дали се работи за готвење или свирење клавир. Но дури ниту огромната количина вежби не ја објаснува разликата помеѓу некој кој навистина е извонреден во нешто или некој кој има добри вештини, но не е гениј во областа. Вежбањето, сепак, на секого делува различно.
Когнитивните психолози Фернанд Гобет и Џулиермо Кампители востановиле дека играчите на шах секогаш се разликуваат по количината на вежбите што им се потребни за постигнување на одредено ниво на вештини во шахот. На пример, бројот на часови за пракса потребни за постигнување на нивото „мајстор“ се движи помеѓу 728 и 16.120 часа. Тоа значи дека некој играч за да стане мајстор треба да има 22 пати повеќе пракса во однос на друг кој истото „мајсторство“ го постигнува со помал број часови на практично вежбање.
Потрагата по генетски варијации кои некого го чинат надарен за спорт или музика траат со децении, но не е откриена ниту една генетска варијација која би ги објаснила природните разлики во интелигенцијата помеѓу луѓето.
Најголем напредок кај истражувачите има во почетокот на оваа година, кога со сигурност три генетски варијации се поврзале со интелигенцијата. Но, максималниот ефект на овие три комбинации изнесувал само 6 IQ единици.
Постојат многу аспекти на интелигенцијата. Еден од најважните е памтењето. Способноста за забележување во краткотрајната меморија и способноста за претворање на тие идеи во долгорочно памтење се темел на учењето и се од витално значење за интелигенцијата. Секоја генетска варијанта за која е потврдено дека влијае на општата интелигенција може суптилно да влијае на кој било неврохемиски процес.
Според тоа, не е изненадувачки фактот што потрагата за интелигентни гени дури ниту во најопсежните и најрелевантните истражувања не отишла многу далеку.
Извор: GeneticLiteracyproject.