Хигс е професор емеритус на Универзитетот во Единбург, кој вели дека никогаш нема пратено имејл, нема сурфано на интернет, не користел мобилен телефон и има објавено само 10-тина труда по своето големо откритие кое го идентификува начинот на кој субатомските честички ја стекнуваат масата. Овој труд професорот го има објавено во 1964 година.
Тој се сомнева дека слично откритие може да биде направено во денешната академска средина.
Тешко ми е да замислам како во оваа академска клима ќе го постигнам тој мир што го имав во 1964 годинавели професорот Хигс
Професорот вели дека чувствувал срам кога во неговиот оддел се праќале барања да напишат колку трудови имаат објавено, а тој секогаш пишувал „ниту еден“. Додека да се пензионира во 1996 година тој бил прилично некомфорен во актуелната академска средина.
Денес нема да добијам академска работа. Тоа е многу едноставно. Не верувам дека некој ќе смета дека сум доволно продуктивенвели Питер Хигс