Пред претставници на образовни институции и установи, меѓу кои и од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, беа презентирани можностите што ги нуди оваа програма, како и конкурсот за проекти со кои може да се аплицира од февруари 2016 година.
Овде сме да им промовираме на сите потенцијални корисници кои сакаат да аплицираат во програмата „Еразмус плус“, која ги поддржува сите потенцијални корисници кои сакаат да аплицираат во областа на образованието, обуката, младите и спортот. Програмата „Еразмус плус“ поддржува повеќе области, во повеќе клучни акции 1, 2 и 3 ги има областите за млади, високо образование, образование за возрасни, училишното и стручното образование и обука. Повикот за аплицирање за 2016 година веќе е објавен, роковите почнуваат од 4 февруари па натаму, и парцијално се поделени во однос на тоа за која клучна акција и за која област сакаат да аплицираат заинтересираните. Во Штип имаме многу добри корисници и оние кои дојдоа денеска на настанот, а еден од најголемите корисници кој многу добро ги спроведува проектите - УГД има аплицирано во повеќе акции во областа на високото образование, мобилност на студентите и наставничкиот кадар помеѓу програмски партнерски земји, односно да можат студентите да поминат одреден период во странство и да добијат одредени знаења и вештини, што е многу добра можност за студентите и што е поддржано од програмата „Еразмус плус“изјави Ана Митровска, раководител на Одделот за високо образование на „Еразмус плус“