„Кој е најдобриот професор што ви предава? Ова прашање во анкета им го поставивме на македонските студенти, кои имаа една недела да ни одговорат. При изборот, студентите требаше да го земат предвид следново: дали професорот редовно и навремено ја одржува наставата, дали поседува добри комуникациски вештини, дали создава убава атмосфера за работа, како и дали професорот се однесува кон студентот коректно и со почит“.се вели во извештајот на fakulteti.mk
Ова е целосната листа од 1.760 анкетирани студенти:
- Проф. д-р Таки Фити, Економски факултет;
- Проф. д-р Димитар Гелев, Правен факултет „Јустинијан Први”;
- Проф. д-р Венко Андоновски, Филолошки факултет „Блаже Конески”;
- Проф. д-р Рубин Гулабоски, Meдицински факултет, УГД;
- Проф. д-р Бобек Шуклев, Економски факултет;
- Проф. д-р Ана Фрицханд, Филозофски факултет;
- Проф. д-р Ѓорѓи Маџаров, ФИНКИ;
- Проф. д-р Зоран Анчевски, Филолошки факултет „Блаже Конески”;
- Проф. д-р Ненад Марковиќ, Правен факултет „Јустинијан Први”;
- Проф. д-р Тони Јаневски, ФЕИТ и проф. д-р Иван Чорбев, ФИНКИ.
Проф. д-р Рубин Гулабоски, декан на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип, е на четврто место во Р. Македонија според резултатите од анкетата. Анкетираните за него рекле: „Редовно ги одржува предавањата, тие беа интересни и направи да ја засакам хемијата иако претходно ја мразев. Исклучително е добар како професор а пред сѐ како личност, кон студентите има секогаш пријателски однос. Ништо од ова не се промени откако стана декан”.
Извор: www.fakulteti.mk