Професорки од Португалија одржаа предавања на УГД


Три професорки од Португалија оваа седмица држат неколку предавања пред студентите на Земјоделски факултет при УГД. Нивната посета е дел од  програмата за размена на студенти и наставнички кадар Еразмус плус.

Доаѓаме од Универзитетот Квинбра во Португалија и се одлучивме за Македонија затоа што е далеку и е различно од она што ние го имаме кај нас. Знаеме многу за Македонија, бидејќи имаме колега кој е од Македонијаистакна Исабел Мариа Диас Дуарте, една од професорките кои денес беа на Кампус 2

Тие предаваа пред студентите од Земјоделски факултет, а нивните интерактивни предавања ги следеа и дел од професорите.

Предавањето ќе биде за вирологија и за болести кои се пренесуваат.  Денес ќе направиме кратко предавање на оваа темарече Тереса Мариа Васцонселос

Професорките од Португалија истакнаа дека соработката со УГД е на задоволително ниво. За една седмица студенти од УГД заминуваат на Еразмус размена во Португалија.

 

Последен пат изменето на Среда, 27 Април 2016 16:10
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…