Приказ на предметите според таг: studenti
Деветта по ред Туристичко–гастрономска изложба во организација на ФТБЛ
Факултетот за туризам и бизнис логистика по деветти пат во Гевгелија ја одржа традиционалната Туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот. Изложбата се одржа во Хотел „Аполонија“, каде што учествуваа студентите на ФТБЛ, а ја проследија и голем број граѓани на Гевгелија.
Единствената стипендија за студент од Европа, годинава ја доби студент од УГД
Иван Николов, апсолвент на Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, ќе биде првиот македонски студент кој од 18 до 23 јуни ќе присуствува на реномираната школа за европско кривично право во Триер, Германија.
Повик за учесници во Летна школа за човекови права и кривично право
Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип, Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, распишуваат Повик за учество во Летната школа за човекови права и кривично право.
Студенти од ФТБЛ со сребрени и бронзени медали на кулинарски фестивал во Хрватска
Десетмина студенти и четворица професори од Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваа на XII Меѓународен кулинарски фестивал „Бисер мора“, кој се одржа на островот Брач во Хрватска.
НР Кина нуди бесплатен тренинг курс во Кина за пет студенти на УГД
Во изминатите пет години Амбасадата на НР Кина, Владата на НР Кина и проф. д-р Зху Јихе работат на Конкурсот за праќање на студенти од УГД во Кина на кратки тренинг курсеви за студенти од областа на медицината. Студентите од УГД кои ќе бидат избрани ќе можат да изучуваат традиционална кинеска медицина од врвни специјалисти во оваа област во местото Тај Јуан во Кина.