Студентите на Машински факултет во посета на саеми во Србија

Најдобрите студенти од втора, трета и четврта година на Машински факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ (Виница, Штип и Струмица) имаа можност да посетат дел од најголемите саеми за техника и машинство на Балканот.

Студентите ги посетија Саемот за техника во Белград и Саемот за механизација во Нови Сад.

Ова е одлична можност за студентите, но и за наставниците да бидат во тек со новите достигнувања од оваа област. Овде можеа да се видат најновите технолошки достигнувања, најновите машини и најголемите компании кои работат во областа на машинството, роботиката и технологијатаистакна деканот на Машински факултет проф. д-р Ристо Кукутанов

Според зборовите на деканот, посетата на значајни саеми од областа на техниката и механиката ќе стане традиција на Машински факултет. Овие саеми се едни од најголемите саеми на Балканот за оваа техника.

Последен пат изменето на Понеделник, 13 Јуни 2016 15:42
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…