Овој Кошаркарски камп ќе биде отворен за сите заинтересирани млади луѓе од цела Македонија, а се планира да стане традиционален. Пријавување и информации на 078-473-180 и 071-709-997.
Кошаркарскиот клуб на Универзитетот „Гоце Делчев“ за првпат организира Kошаркарски камп за млади со врвни кошаркарски имиња. Кошаркарскиот камп ќе се одржува од 23 до 26 јуни во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Младите луѓе ќе ги учат вештините на кошарката кај едни од најдобрите кошаркари, репрезентативците на Македонија: Бојан Трајковски, Дарко Соколов и Александар Костовски. Заедно со нив и тренерите Тане Спасев – тренер на Асеко Проков од Гдиња, Полска, и Владимир Мирковски од КК Бест.
Овој Кошаркарски камп ќе биде отворен за сите заинтересирани млади луѓе од цела Македонија, а се планира да стане традиционален. Пријавување и информации на 078-473-180 и 071-709-997.