Излезе најновиот број на „Студентско ехо“

Петнаесеттиот број на студентскиот весник „Студентско ехо“ излезе од печат. Во најновиот број на весникот студентите пишуваат за емиграцијата на младите студенти, а темата ја обработуваат со конкретна појава, односно миграцијата на брод на младите луѓе од Македонија. Младите студенти пишуваат за своите колеги од студиската програма Новинарство кои се обучуваа за истражувачки новинари, но и за иновативноста како можност за креирање на бизнис идеи.

Во овој најнов број ќе можете да прочитате истражувачка приказна на студентка од Литванија која студираше на Универзитетот во Штип и изработи истражувачка приказна која е објавена во весникот на англиски јазик.  

Најновиот број можете да го прочитате на следниов линк.

Последен пат изменето на Понеделник, 27 Јуни 2016 16:03
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…