Пронајдено решение за смртоносните мини

Масуд Хасани вложува голем напор за да го исчисти смртоносниот свет на нагазни мини. Статистички, речиси 10 луѓе на ден ги губат животите заради овие смртоносни експлозиви. Најчести жртви се воениот персонал, хуманитарните работници, како и цивили распространети низ 60-тина земји во светот. Како решение за овој фатален проблем, Хасани создаде воздушен систем со кој освен што ќе се детектираат мините ќе бидат и безбедно детонирани.

Познати како Mine Kafon Drone, флота од овие беспилотни летала (дронови) се градат за да ја развие технологијата понатаму и да се развие посовршена верзија на овие летала. Првичните тестови на овие дронови се вршени од страна на Министерството за одбрана на Германија. Хасани, исто така, започна Kickstarter кампања за да ги изгради првите десет беспилотни летала од овој тип.

За изградба на овие производи Mine Kafon применува процес од три фази, почнувајќи со летот на дроновите над одреден регион и креирање на 3D мапа на која се означуваат со црвено најопасно изложените зони на земјиштето. Второ, дронот прелетува метална детектирачка рака над црвено маркираната означена зона на висина од околу 4 сантиметри и ги детектира мините. И на крај, над идентификуваните мини дронот го испушта детонаторот и брзо се повлекува пред мините да се активираат.

Дронот во основа е склоп од различни модули, што вклучува: GPS единици, камери со мапи, метална рака за детектирање и рака за испуштање на детонаторите. Сите овие модули се користат во различни фази од операцијата.

Дизајнот е прилично уреден и едноставен, така што која било организација или компанија што го користи може да користи три или четири дронови за извршување на секоја фаза поединечно. Процесот што се користи за креирање на овие уреди е поевтин, побрз и посигурен за секој негов производител. Тоа е чекор понапред од останатите технологии за деминирање што се користат овие денови. Крајниот мотив на овој проект е ослободување од максимум нагазни мини од светската површина до следната деценија.

Автор на текстот е Славица Стојменова, студент на Машински факултет - УГД

 

Последен пат изменето на Вторник, 23 Август 2016 09:53
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…