Инфо-клубот на УГД од 1 септември продолжува со работа и прием на студенти

Инфо-клубот, лоциран во Кампус 2 на Универзитетот „Гоце Делчев“, од четврток (1 септември) повторно стартува со работа. По паузата во летниот период, Kлубот и годинава ќе им биде на располагање на сите студенти во помошта да го подобрат своето знаење од многу области, да најдат пракса или пак да најдат работа по завршувањето на студиите.

- Инфо-клубот први пауза во текот на летниот период затоа што нема студенти, но од четврток повторно сме активни со многу активности. И оваа година ќе имаме обуки, настани и активности во кои ќе се вклучуваат студенти, па затоа ги охрабрувам сите студенти слободно да дојдат во нашите простории во холот на Кампус 2 на УГД или на нашата фан страница на Фејсбук - вели Мартина Георгиева од Инфо-клубот на УГД.

Клубот ќе биде отворен секој работен ден од 9 до 13 часот. Минатата година овој Клуб со својата голема активност спроведе низа обуки и голем број студенти ги прати на практична настава низ државата, така што многу студенти го гледаат како место каде што ќе можат да започнат да ја градат својата кариера. Покрај ова, Клубот реализира и проекти за вработување или самовработување кои им помагаат на дипломираните студенти веднаш по завршувањето да дојдат до реализација на работата што ја посакуваат. 

Последен пат изменето на Вторник, 30 Август 2016 13:52
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…