Одржана Првата конференција за студентите на правните факултети во Македонија

Во просториите на Државниот универзитет во Тетово се одржа Првата конференција наменета за студентите на правните факултети во Република Македонија. Конференцијата со наслов „Социјална еднаквост, владеење на правото и недискриминација“ е организирана од студентите на правните факултети при Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Покрај учесници од партнерските правни факултети, на Конференцијата учествуваа и студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и правните факултети при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот на Југоисточна Европа.
Од името на Правниот факултет при УГД обраќање имаше проф. д-р Страшко Стојановски, додека од името на Организациониот одбор се обрати студентката Елена Трајковска.

Во делот на клучни излагачи обраќање имаа Бојана Трајчева и Трајче Арсов, студенти на Правниот факултет во Штип. Во четирите панел-дискусии посветени на владеење на правото, недискриминација, говор на омраза и социјална еднаквост учествуваа 15 студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.




Последен пат изменето на Среда, 05 Октомври 2016 15:54
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…