Студентите од ФТБЛ на Меѓународна конференција во Шибеник

Во изминатиот период студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика учествуваа на Меѓународната студентска конференција во Шибеник, Република Хрватска, која беше на тема „Култура и односи со јавноста во туризмот“,  во организација на Универзитетот во Шибеник.

На Меѓународната конференција учествуваа стотина студенти од Хрватска, Словенија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и од други земји. Едукативниот дел беше покриен со гости-предавачи и интересни теми од угостителството и туризмот поврзани со културата на однесување. Предавачите беа претставници од образовните институции, од приватниот и од јавниот сектор од областа на туризмот.

Во спортскиот дел, кој беше организиран во склоп на конференцијата, студентите од УГД учествуваа во натпреварите по футсал за мажи и одбојка за жени, каде што ги освоија третото и второто место и се закитија со пехари. За време на конференцијата за студентите беше организиран разглед на градот Шибеник со локален туристички водич, посета на Националниот парк „Крка“, а на враќањето кон Македонија студентите направија двочасовен разглед на најпознатата туристичка дестинација во Хрватска - Дубровник.

Конференцијата им даде можност на студентите да разменат контакти, мислења и да дискутираат на теми поврзани со туризмот со своите колеги и гости предавачи од различни земји. Студентите на оваа конференција беа водени од доц. д-р Дејан Методијески и м-р Оливер Филипоски кои, исто така, воспоставија контакти за идни соработки со факултети за туризам од Балканот.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…