16-тото издание на студентскиот весник „Студентско ехо“ неодамна излезе од печат. Студентскиот весник во ова издание информира за корејскиот камп што се одржуваше на Универзитетот, за развојот на науката меѓу студентите и за првата студентска конференција, а воедно и за екстремниот велосипедизам како тренд меѓу младите.
„Студентско ехо“ е студентско гласило кое целосно го подготвуваат студентите од студиската програма Новинарство и односи со јавноста.
Електронската верзија на ова списание може да се најде на следниов линк: http://coj.ugd.edu.mk/images/studentsko_eho/pdf/eho_br16.pdf