- Во изминатиот период имавме многу што да научиме. Бевме во фабрики за производство на храна, во лаборатории за контрола на квалитетот на храна и тоа дефинитивно многу ќе ни помогне во зголемување на нашите знаења истакна Роберт Јончек, еден од студентите.
Тие студираат инженерство на храна во Романија и овде беа во лаботориите на Земјоделскиот факултет, каде што заедно со истражувачите од УГД работеа на одредени проекти.
- Ми се допаѓа тоа што овој Универзитет има многу технологија и многу можности за да научат студентите. Има одлични услови за работа и сигурно ќе го препорачам како место за Еразмус посета вели Наоми Вртеж, студентка од Романија.
Тие истакнаа дека оваа тримесечна посета им овозможува да воспостават контакти со многу свои колеги и професори со кои би можеле да се вклучат и во заеднички проекти.
- Ова искуство за нас значи многу, затоа што ние овде стекнавме пријателства, научивме како да се снаоѓаме во различна културна средина и дефинитивно ни отвори врати за нови заеднички проекти истакна Ралука Поп, исто така, студентка на Еразмус од Романија.
Целосното интервју кое УГД ТВ го реализираше со тројцата студенти од Романија за нивните искуства во Македонија погледнете го во видеото во продолжение.