Професори од пракса предавачи на Филолошкиот факултет

Проф. д-р Снежана Велковска, научен истражувач од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, неодамна одржа предавање на Филолошкиот факултет при УГД – Штип. Предавањето се однесуваше на многу интересна и актуелна тема – македонската неофразеологија. На предавањето присуствуваа студенти од сите катедри на Факултетот и наставничкиот кадар од Филолошкиот факултет.

Со оглед на интересот на студентите за една ваква отвореност на Факултетот и Универзитетот во Штип кон другите високообразовни институции, деканката на Филолошкиот факултет, доц. д-р Драгана Кузмановска, и раководителката на Катедрата за македонски јазик и книжевност, проф. д-р Виолета Димова, најавија нови гостувања на професори, не само од земјава, туку и од странство. 

 

Последен пат изменето на Среда, 23 Ноември 2016 11:41
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…